Променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2) во форма на невреме , проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степени.
Во Охрид променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер и услови за врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни (над 15 л/м2), во форма на невреме проследени со појава на грмежи и силен јужен ветер (над 60 км/ч). Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Во сабота локално, а во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (7 до 10 степени).
OhridNews