Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Претежно во западните делови и особено од пладневните часови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени Целзиусови.

Во Охрид времето денес променливо облачно со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на релативно топло време. Денеска и утре ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и повремено проследени со грмежи. Од четврток времето ќе биде стабилно со постепен пораст на температурата.

OhridNews