Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Охрид променливо облачно со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 17 степени.
И во наредниите денови ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, проследени повремено со грмежи. До петок врнежите наместа ќе бидат пообилни и повремено поројни.
OhridNews