Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 18, а максималната од 17 до 27 степени.
Во Охрид променливо облачно со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.
Како што информира УХМР, до сабота ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 19 до 28 степени.
В недела ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветерод северозападен правец. Дневната температура ќе изнесуав 23 степени.