Променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Утре и во четврток краткотрајно ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има зголемена облачност и особено во јужните делови услови за слаб дожд, на планините понекаде може ќе провејува снег. Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање.

OhridNews