Времето денска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Охрид променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Од сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

OhridNews