Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Охрид времето денес ќе биде променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 16 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Потоа, во текот на следната работна седмица, ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, соопшти УХМР.

OhridNews