Променливо облачно со сончеви периоди и топло. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во попладневните и вечерните часови во северозападните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди и топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.

Утре локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.

OhridNews