Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намалува. Преку ден ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови, засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Охрид ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.

Од утре до крајот на работната недела ќе се задржи стабилно и суво време, а утринските температури постепено ќе опаѓаат.

OhridNews