И денеска ќе преовладува променливо облачно и посвежо време во западните и крајните источни делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. UV индексот ќе изнесува 7.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 26 степени Целзиусови.

Г.М.