Променливо облачно со сончеви периоди и постудено, претпладне претежно во јужните делови со услови за локален снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Охрид времето денеспроменливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе достигне -4, а максималната 3 степени.

Од утре до средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Најстудено ќе биде во понеделник и вторник, а потоа ќе преовладува ветровито време со умерен до засилен северен ветер.

OhridNews