Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со поголема облачност во западните делови каде што ќе има и услови за појава на краткотраен дожд. Во претпладневните часови по котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Охрид времето денес ќе променливо облачно со сончеви периоди и можност за краткотраен дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Во следните денови во утринските часови ќе има услови за појава на магла со минимални температури околу нулата. На почетокот на неделата ќе преовладува облачно време, а потоа ќе има повеќе сончеви периоди. Ќе дува претежно слаб јужен ветер, велат од УХМР.
OhridNews