Времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и значително потопло, во утринските часови со локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер (со брзина и над 70 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 18 степен.
Во сабота претпладне ќе има услови за локален дожд, а потоа следува сончево време со мала до умерена облачност и значително потопло со температури кои од недела на повеќе места ќе надминат 25 степени.
OhridNews