Променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Следува период на променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд.
OhridNews