Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има локален дожд, а на повисоките планини повремен слаб снег. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Следува период на стабилно и топло време, освен во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.

OhridNews