Претпладне во јужните делови ќе биде умерено до значително облачно, а преку денот насекаде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните до крајот на работната недела ќе бидат во постепен пораст.

OhridNews