Променливо облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на слаба магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Денес ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд. Утре на повеќе места ќе има вренежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2), а во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во северозападните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

OhridNews