Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди, а во планинските региони со услови за појава на слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Следува период на променливо облачно време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а пообилни во деновите од викендот.

OhridNews