Наутро со појава на магла по одделни котлини. Преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Денес и утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на слаб краткотраен дожд, наутро со услови за магла. На почетокот на работната недела ќе преовладува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи, на планините и понекаде на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

OhridNews