Променливо облачно со кратки сончеви периоди. Во планинските региони ќе има услови за повремен локален слаб снег, а на места во западните и северните делови повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Ќе продолжи период на променливо облачно време, претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег. Во петок ќе засилува југоисточен ветер.
OhridNews