Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има појава на повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Попладне, во текот на ноќта и во четврток претежно во планинските региони ќе има појава на повремен снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд кој ќе преминува во снег. Потоа ќе продолжи променливо облачно време претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините од слаб повремен снег.
OhridNews