Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди, повеќе во источните делови. Во југозападните претежно планински региони од пладневните часови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Утре најпрвин во планинските региони, потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, а на пониските места од повремен дожд и снег. Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири понекаде и на повисоките места.
OhridNews