Променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо. Од крајот на денот на запад облачност ќе се зголеми, а преку ноќта ќе има услови за појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло за овој период од годината, а по котлините магливо и постудено. Од утре попладне и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

OhridNews