Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со максимални температури од 14 до 22 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне в долж Повардарието засилен, ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има услови за локален дожд.
Во Охрид времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Од утре следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер. Вo петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и силен ветер, велат од УХМР.
OhridNews