Променливо облачно со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Локални слаби врнежи од дожд се очекуваат во петок.

OhridNews