Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 12 степени.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота.
OhridNews