Времето ќе биде променливо облачно со услови зa слаб локален дожд, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 14 степени.
Во среда ќе се задржи суво, но претежно облачно. Од четврток ќе дува засилен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Во петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер, велат од УХМР.
OhridNews