Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремен локален слаб дожд во западните и крајните источни делови од државата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Охрид времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање, а во вторник повторно ќе биде променливо облачно со локален дожд. Според прогнозата на УХМР, температурите до вторник ќе бидат без поголеми промени, а во среда ќе дува северен ветер и ќе има благ пад на дневната температура.
OhridNews