Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој преку ноќта ќе се менува во јужен.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура до -1, максималната до 10 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а претежно во планинските региони ќе има услови за слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст. Нестабилно време со нови поинтензивни врнежи проследени со грмежи ќе има на почетокот на следната седмица.
OhridNews