Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Охрид променливо облачно време со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 12 степени.
За време на викендов времето ќе биде претежно стабилно и потопло. Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и со појава на ретки грмежи.
Температурата во вторник ќе биде во опаѓање и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег.
OhridNews