Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко. Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе ослаби. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени.

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.

До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, од утре со зголемена променлива облачност. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска. Од понеделник преку денот ќе дува слаб до повремено умерен претежно југозападен ветер, соопштија од УХМР.

OhridNews