Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, максималната температура денеска ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер, претежно од северен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

Најниска температура (5 степени) утрово во 7.30 часот е измерена во Лазарополе и на Попова Шапка. Шест степени во Маврови Анови, седум во Куманово, осум во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Берово, девет степени се измерени во Тетово и Крушево, 10 во Скопје-Зајчев Рид, 11 во Охрид, Битола, Прилеп, Струмица и Дебар, 12 во Штип, Велес и Кавадарци, 13 степени во Демир Капија и Виница и 14 во Претор и Гевгелија.

Во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврнал во Дебар, седум литри на квадратен метар, шест на Попова Шапка, четири литри на квадрат воден талог се измерени во Тетово, три во Охрид, два во Маврови Анови и Крушево и еден литар на квадрат во Скопје (мерна станица Зајчев Рид) и Крива Паланка.

OhridNews