Наутро во дел од котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 13 степени.
Во сабота ќе има значителна промена на времето. Под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи претежно од снег, кои наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат. Локални врнежи од снег ќе има и во недела претпладне, а од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.
OhridNews