Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а на места повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Охрид, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Умерено до значително облачно со услови за слаб локален дожд ќе биде и во среда. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура до среда ќе биде без поголеми промени, а од четврток ќе се намали за неколку степени.
OhridNews