Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат во интервал од четири до девет, а максималните ќе достигнат од 11 до 17 степени.

Во Охрид променливо облачно со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 7, а максималните ќе достигнат до 13 степени.

До среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен до краткотрајно засилен ветер од јужен правец. Во ноќта кон четврток ќе започнат врнежи од дожд кои во четврток се очекуваат да бидат наместа пообилни и проследени со засилен јужен ветер.

OhridNews