Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоки места и на планините. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб локален снег ќе има и во текот на ноќта особено во планинските региони.

Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Денес ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоки места и на планините. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб локален снег ќе има и во текот на ноќта и утре особено во планинските региони. Од среда времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури.

OhridNews