Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20 степени.

Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Следува период на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч).

OhridNews