Променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Утре наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има врнежи кои краткотрајно ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Во петок и сабота ќе биде стабилно, а од недела повторно се очекуваат врнежи.

OhridNews