Променливо облачно во западните делови од наутро со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат од снег на највисоките планини. Ќе дува засилен до силен јужен ветер (наместа над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 17 степени.
До сабота под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а во петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни (и над 25 л/м²) и ќе преминат во снег понекаде и на пониските места. На планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе се формира снежна покривка. До сабота ќе дува засилен до силен ветер (и над 70 km/h), велат од УХМР.
OhridNews