Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Охрид времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Од УХМР најавија дека во следните денови времето ќе биде стабилно и релативно топло, освен во петок кога ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.
OhridNews