Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи, особено претпладне. На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени Целзиусови.
Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 13 степен.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
OhridNews