Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Под влијание на влажен бран и утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Локален слаб дожд ќе има и во вторник, а потоа следува период на стабилно време.

OhridNews