Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степен.
Од УХМР најавуваат дека до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне, преку ноќта и во сабота врнежите на места повремено ќе бидат обилни и поројни (над 30 л/м2) и проследени со грмежи. Во петок и во деновите од викендот особено преку денот ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
OhridNews