Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени Целзиусови.
Во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Според најавите од УХМР, до петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а утре ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло.
OhridNews