Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен дожд. Максималната температура до 17 степени.
Денес и утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
OhridNews