Променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец (наместа над 80 km/h).  Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 2 до 13 степени.

Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 13 степени.

Утре во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни ( над 30л/м2). Преку денот ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен, а врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.

OhridNews