Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд претпладне. Во јужните делови претпладне врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува засилен до силен северен ветер кој повремено ќе достигне брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Охрид променливо облачно со локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во следните денови, времето ќе биде стабилно, со ниски утрински температури во четврток и петок. Дневните температури од сабота ќе бидат во позначителен пораст. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи се очекува во недела, велат од УХМР.

OhridNews