Времето во земјава ќе биде малку посвежо особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град. Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од западен до југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Охрид денеска се очекува температурата да се движи од 17 до 25 степени целзиусови, на места со дожд особено во вечерните часови.
Уште утре ќе има позначителна нестабилност проследена со засилен западен ветер претежно во западните делови од земјата. Во деновите потоа ќе биде претежно стабилно и за време на викендот ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност во планините.
OhridNews