Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени Целзиусови.
Во Охрид променливо облачно, попладне со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност утре и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена ќе настапи стабилизирање на времето.
OhridNews