Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Охрид променливо облачност, попладне со дожд. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
OhridNews